1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Трамп сака драстично зголемување на воените издатоци

СН/агенции | АРД
8 јануари 2026

Времињата се „немирни и опасни“. Затоа американскиот претседател Трамп сака масовно да ги зголеми трошоците за одбрана во 2027 година - на 1,5 билиони долари. САД веќе трошат најмногу во светот за своите вооружени сили.

https://p.dw.com/p/56UMy
Поглед од високо на американскиот Пентагон
Седиштето на американската војска е во ПентагонФотографија: Jen Golbeck/SOPA Images/IMAGO

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи значително зголемување на воените трошоци на САД. За 2027 година, воениот буџет треба да се зголеми на 1,5 билиони долари, напиша Трамп на неговата онлајн платформа Трут соушал. Тој дошол до ваков заклучок „по долги и тешки преговори“ со членовите на Конгресот, министри и други политички функционери, додаде Трамп. Тој го оправда своето барање велејќи дека се наоѓаме во „немирни, опасни времиња“. Зголемувањето на трошоците ќе ѝ овозможи на земјата да изгради „војска од соништата“ која Америка долго време ја заслужува и која ќе ја обезбеди нејзината безбедност.

Војската неодамна доби дополнителни милијарди

Воениот буџет на САД за оваа година е 901 милијарда долари - што е околу 772 милијарди евра. САД трошат убедливо најмногу во светот за своите вооружени сили. Зголемувањето на 1,5 билиони долари дополнително би ги турнало трошоците на Вашингтон далеку пред конкурентите како Кина и Русија. Само неодамна, американската војска доби финансиска инјекција од околу 175 милијарди долари како дел од обемниот законодавен пакет со намалување на даноците и трошоците, што Трамп го потпиша во 2025 година. Барањето на Трамп за поголеми воени трошоци веројатно ќе наиде на отпор од демократите во Конгресот. Тие инсистираат на рамнотежа помеѓу воените трошоци и ставките кои немаат одбранбена природа. Но, и таканаречените „дефицитни јастреби“ меѓу републиканците, кои се противат на високите владини трошоци, веројатно ќе покренат приговори.