1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гордана Димитриеска-Кочоска: Нема криза со нафтата

6 март 2026

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска уверува дека нема криза со нафтата и дека залихите се стабилни. По конфликтот на Блискиот Исток, институциите ги следат цените и пазарот.

https://p.dw.com/p/59w4Z
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, јули 2024
Нема криза со нафтата, залихите се стабилни и нема потреба од паника, вели министерката Гордана Димитриеска КочоскаФотографија: Regierung Nordmazedonien

Состојбата со нафтата во земјата е стабилна и внимателно се следи, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска‑Кочоска по стравувањата за можен недостиг поради воените дејствија на Блискиот Исток.Таа апелира дека нема потреба од создавање паника кај граѓаните.

„Апсолутно, состојбата е во ред и ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од паника дека ќе недостига нафта“, изјави министерката.

Нафтените компании: Нема недостиг на залихи

Димитриеска‑Кочоска информира дека вчера во Министерството за финансии се одржал состанок со нафтените компании, при што никоја од нив не пријавила проблем со залихите на нафта. Во однос на цените и евентуални поскапувања, инспекторите се веќе на терен – повеќе од 100 бензински пумпи биле посетени од Државниот пазарен инспекторат во текот на едно деноноќие.

Бензиска пумпа 22.12.2014
Инспекторите се веќе на терен – повеќе од 100 бензински пумпи биле посетени од Државниот пазарен инспекторат во текот на едно деноноќие.Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Schmidt

Министерката истакна дека, доколку има потреба, Владата може да прогласи кризна состојба, по што Министерството за финансии ќе ги активира инструментите предвидени со законот.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе заседава в понеделник за цените на бензините и нафтата.

„Жал ми е што во вакви ситуации поединци се обидуваат да остварат профит и создаваат вештачки кризи. На вчерашниот состанок, ниедна компанија не наведе проблем со залихите. Сите потврдија дека состојбата е стабилна“, нагласи министерката.

Инспекции на бензинските пумпи

Таа објасни дека во Законот за акцизи постојат автоматски стабилизатори кои се активираат доколку се прогласи кризна состојба. Во таков случај, министерот за финансии носи одлука за промена на акцизата – намалување од 1, 2 или 4 денари, зависно од ценовниот праг.

Во однос на испораките до бензинските станици, Димитриеска‑Кочоска наведе дека било забележано дека на неколку пумпи не била навреме испорачана нафта или бензин од главните складишта, но дека тоа спаѓа во рамките на организацијата на самите компании. Според нив, за транспорт од складиштата до пумпите потребни се само неколку часа.

„Цените денес се стабилни, а имаше и намалување за еден долар во однос на вчера“, додаде министерката.