1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Скопјани должат 36 милиони евра за даноци

9 декември 2025

Град Скопје се соочува со над 36 милиони евра долгови за даноци и такси. Даноците на имот и комуналните такси се главните извори на приходи за градот.

https://p.dw.com/p/550PE
Бронзена статуа „Воин на коњ“ на плоштадот во Скопјe, 2 октомври 2012 година
Долговите на граѓаните и фирмите кон Град Скопје растатФотографија: Robert Atanasovski/AFP/Getty Images

Граѓани и компании во периодот од 2020 до 2025 година имаат долг кон Град Скопје во износ од над 36 милиони евра за даноци и такси, информираат од градската управа. Сите даночни обврзници – правни и физички лица – кои не платиле данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок, како и комунална такса за фирмарина, се повикани да ги подмират своите обврски во најкраток рок.

Основни извори на приходи на Град Скопје

Даноците на имот и комуналните такси се главните извори на приходи за градот. Остварените средства овозможуваат финансирање на инфраструктурни проекти, услуги од комуналните претпријатија и јавните установи, како и покривање на трошоците на средните училишта на територијата на Скопје.

Наплата на данок на имот во скопските општини

Просечната годишна наплата на данок на имот изнесува околу 81 %. Половина од данокот на имот се собира во Скопје. Десетте скопски општини собираат приходи од данок на имот колку сите останати 70 општини заедно. Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) за 2017–2019 година, граѓаните и фирмите годишно плаќале околу 21 милион евра за имот, од кои 10,2 милиони евра се собирале во скопските општини.

Значително поголем дел од данокот на имот се прибира од граѓаните, 70 %, додека од правните лица, односно од фирмите се прибираат останатите 30 %. 

Стапките на данокот на имот се утврдени во член 3 од Законот за даноците на имот и тие се пропорционални и изнесуваат од 0,10 % до 0,20 % од пазарната вредност на имотот. Висината на стапките, со одлука, ја утврдува советот на општината и Советот на градот Скопје.