1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Иран: Трамп се заканува со употреба на „огромна флота“

СН/агенции
23 јануари 2026

Американскиот претседател го предупреди иранското раководство од натамошни егзекуции на демонстранти во земјата. „Огромна флота“ е на пат, порача Трамп и изрази надеж дека нема да мора да ја користи.

https://p.dw.com/p/57Gym
Фотографија во крупен план на американскиот претседател Доналд Трамп
Трамп: „Огромна флота оди кон Иран“Фотографија: Alex Brandon/AP Photo/picture alliance

Американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не ја исклучува можноста за воена интервенција на неговата земја во Иран. „Имаме огромна флота која оди во таа насока“, им рече републиканецот на новинарите при враќањето од Давос во Вашингтон. „Можеби нема да мора да ја користиме, ќе видиме“, додаде тој. Според претседателот на САД, многу американски воени бродови се упатуваат кон регионот за секој случај. „Би сакал ништо да не се случи, но ги следиме многу внимателно“, рече Трамп мислејќи на Иран. 

Веќе на крајот од минатата недела, американските медиуми објавија дека носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и придружни бродови се на пат од Јужнокинеско Море кон регионот. Носачот на авиони, напојуван од нуклеарен реактор, обично носи неколку илјади војници и десетици борбени авиони, а е придружен од повеќе поморски разурнувачи. 

Деменстранти на улица во Техеран на која горат запалени објекти ноќно време
Илјадници убиени демонстранти: Иран брутално го задуши најновиот бран протестиФотографија: UGC

Иран брутално го задуши најновиот бран протести - според активистите, илјадници демонстранти се убиени. Трамп повеќепати реагираше на ова со закани, што поттикна страв од воена ескалација во регионот. Неодамна, американскиот претседател се изјасни и за промена на владата во Иран, откако врховниот лидер на Исламската Република го нарече „криминалец“.