1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МиграцијаГерманија

Дискриминацијата во Германија е масовна појава

4 април 2026

Во супермаркет, при барање стан, на работа: милиони луѓе во Германија доживуваат дискриминација. Нова студија го открива нејзиниот обем.

https://p.dw.com/p/5A9MV
Ополномоштеничката на германската влада за антидискриминација Ферда Атаман (десно) и коавторката на студија за дискриминација, Самера Барч стојат една до друга со примероци од студијата во рацете
Берлин: Ополномоштеничката за антидискриминација Ферда Атаман (десно) и коавторката на новата студија, Самера БарчФотографија: Jens Thurau/DW

Речиси секој осми човек кое живее во Германија доживеал дискриминација барем еднаш во текот на 2022 година. Ова е резултатот од студијата „Како Германија ја доживува дискриминацијата“, која во Берлин ја презентираше ополномоштеничката на германската влада за борба против дискриминацијата, Ферда Атаман. Со други зборови: околу девет милиони луѓе во Германија од прва рака искусиле какво е чувството да се биде дискриминиран поради нивните надворешни карактеристики.

„Една како вас крадеше овде“

И конкретни примери, наместо само бројки, покажуваат како се чувствуваат засегнатите. Во Берлин, Ферда Атаман ја раскажа приказната за Сара, црнка која го споделила своето искуство со неа: „Додека пазарувала во продавница, еден вработена ѝ се приближила и одеднаш почнала да ја пребарува нејзината количка за бебе. Не побарала дозвола, не покажала никаква грижа за детето во количката. Немала очигледна причина за претрес. Кога Сара ја прашала што значи тоа, вработената ѝ рекла: 'Извинете, но една како вас крадеше овде неодамна'“. 

Ополномоштеничката на германската влада за за борба против дискриминацијата Ферда Атаман во крупен план
Ферда Атаман, гледа голема потреба од подобрување на борбата против дискриминацијата во ГерманијаФотографија: Bernd von Jutrczenka/dpa/picture alliance

„Дискриминацијата во Германија не е изолиран случај“

Многу случаи како оној на Сара беа вклучени во студија објавена од Германскиот центар за истражување на интеграцијата и миграцијата. Истражувачите користеле податоци од репрезентативниот социо-економски панел од 2022 година - анкета на околу 30.000 испитаници за различни социјални прашања

Резултатот е поразувачки. Ферда Атаман заклучува: „Дискриминацијата во Германија не е изолиран случај, туку масовна појава. Не се случува на маргините на општеството, туку среде секојдневниот живот - на работа, на училиште, при барање стан или при пазарување“ - како во случајот на Сара.

Половина од жртвите не преземаат ништо

Дискриминацијата врз основа на повеќето лични карактеристики е забранета со Законот за општ еднаков третман (AГГ), кој е во сила околу 20 години. Сепак, ова често не им помага на жртвите.

Според студијата, повеќе од половина од испитаниците кои доживеале дискриминација не презеле ништо.

Околу 30 проценти директно се соочиле со лицето кое ги дискриминирало, додека само три проценти покренале судска постапка.

Пример за успешна тужба

Една од ретките луѓе кои започнале судска постапка е Хумаира Вазем, наставничка родена во Германија и мајка на две деца. Кога побарала стан преку агенција, нејзиното барање било одбиено. Кога повторно се обидела под друго име, добила термин за да разгледување стан.

Поради ова, таа ја тужела агенцијата – и на крајот победи на суд. Сојузниот суд во Карлсруе пресуди дека Вазем има право на надомест од 3.000 евра врз основа на законот AГГ.

Овој пример покажува дека дискриминацијата, на пример поради име или потекло, може да има сериозни последици, како што се големи проблеми при наоѓање стан. 

Ферда Атаман нагласува дека дискриминацијата има негативно влијание врз учеството на пазарот на трудот, социјалниот живот, здравјето и благосостојбата, довербата во општеството и чувството на припадност во Германија.

Три жени седат на маса во во судница
На крајот успешна против дискриминацијата: Тужителката Хумаира Васем (во средина) во германскиот Сојузен суд на правдата во КарлсруеФотографија: Philipp von Ditfurth/dpa/picture alliance

Најчеста причина за дискриминација е потеклото и расизмот

Студијата истражувала и зошто луѓето мислат дека се дискриминирани. 42 проценти од испитаниците веруваат дека причината е нивното потекло или расистичките предрасуди, а речиси 24 проценти од нив го наведуваат полот како причина - претежно жени. Други причини се возраста, религијата или болест.

Но, најголемата група сепак се луѓе кои веруваат дека се дискриминирани поради нивното потекло или бојата на кожата.

Атаман смета дека бројот на случаи на дискриминација денес е веројатно уште поголем, бидејќи податоците од 2022 година се собрани за време на пандемијата, кога многу институции беа затворени, а луѓето поретко менуваа работни места или бараа стан.

Таа сега сака дополнителни категории да бидат вклучени во законот како основа за забрана на дискриминација, како што е државјанството.

Според неа, Германија многу заостанува во борбата против дискриминацијата. На пример, белгиските власти им обезбедуваат и правна заштита на жртвите, додека институцијата предводена од Атаман може да дава само совети.

Според нејзината проценка, секојдневната дискриминација е помала во земјите во кои се зборува англиски јазик и во скандинавските земји отколку во Германија.

Сојузната канцеларија за борба против дискриминацијата е независна институција во рамки на германското Министерство за образование, а Ферда Атаман е владина ополномоштеничка за таа област од 2022 година.