Дали социјалните медиуми се убивачи на среќата?
19 март 2026
Финска уште еднаш му го покажува на светот патот кон среќата, иако интензивната употреба на социјалните мрежи ја нарушува личната благосостојба кај младите луѓе ширум планетата, се вели во Светскиот извештај за среќа 2026 објавен денеска (19.03).
Извештајот, изработен од Центарот за истражување на благосостојбата при Универзитетот Оксфорд во партнерство со Галуп и Обединетите нации, утврди дека задоволството од животот кај лицата под 25 години во земји како САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд значително опаднало во изминатата деценија.
Студијата се базира на анкети со околу 100.000 луѓе од 140 земји.
Некои млади претпочитаат никој да не користи социјални мрежи
Во извештајот се наведува дека интензивната употреба на социјалните мрежи е поврзана со намалена благосостојба кај младите, особено кај тинејџерките во англискоговорните и западноевропските земји.
Овие наоди доаѓаат во време кога владите сè повеќе размислуваат за ограничувања на користењето на социјалните мрежи од страна на малолетници.
Истражувачите велат дека прекумерната употреба на социјалните мрежи, особено повеќе од седум часа дневно, е поврзана со пониска благосостојба, при што платформите водени од алгоритми, насочени кон слики и содржини од инфлуенсери се наведуваат како клучни фактори.
Извештајот наведува дека повеќето студенти на колеџите во САД посакуваат социјалните мрежи да не постојат.
„Ги користат затоа што и другите ги користат, но би претпочитале никој да не ги користи“, се вели во извештајот.
Оние лица кои користеле социјални мрежи помалку од еден час дневно имале поголема веројатност да пријават повисока благосостојба отколку оние што воопшто не користеле социјални мрежи.
Финска на врвот на индексот на среќа
Финска е рангирана како најсреќна земја во светот деветта година по ред, при што нордиските земји доминираат на врвот на листата. Во извештајот оваа доминација се објаснува со богатството, еднаквоста, силните системи на социјална заштита и високото очекувано траење на животот.
Костарика се искачи на четвртото место, што се припишува на силните социјални и семејни врски.
Рангирање според Светскиот извештај за среќа 2026:
Топ 10:
1. Финска
2. Исланд
3. Данска
4. Костарика
5. Шведска
6. Норвешка
7. Холандија
8. Израел
9. Луксембург
Германија на овогодишната листа е на 17. место.
Македонците се на 82 место
Македонските граѓани се на 82 место на листата на реќа. Посреќни од нив се граѓаните на Косово (16 место), Србија (30 место), Босна и Херцеговина (47 место), Црна Гора (60 место) и Хрватска (70 место).
Понесреќни од регионот се Бугарите (84 место), Грците (85 место) и Албанците (86 место).
Најнесреќните земји во светот, според извештајот:
143. Боцвана
144. Зимбабве
145. Малави
146. Сиера Леоне
147. Авганистан