1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зеленски: Поддршка од САД во замена за Донбас

БГ
26 март 2026

САД ја условуваат својата понуда за безбедносни гаранции неопходни за мировен договор во Украина со тоа што Киев ќе го отстапи целиот регион Донбас на Русија, изјави претседателот Володимир Зеленски.

https://p.dw.com/p/5BB9t

„Американците се подготвени да ги финализираат овие (безбедносни) гаранции на високо ниво штом Украина биде подготвена да се повлече од Донбас. Според мене, руската страна ја обликува атмосферата во својот дијалог со Американците токму околу оваа идеја: дека Украина треба да се повлече од Донбас, САД потоа ќе ги обезбедат безбедносните гаранции што Украина ги бара, а Русите сигурно ќе ја завршат оваа војна. Повеќе или помалку, се наоѓаме во овој триаголник“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за повеќе светски медиуми во Киев.