1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ескалираат тензиите меѓу Ријад и Техеран

СН/афп/дпа/ртр4 јануари 2016

По прекинот на дипломатските односи со Иран, во Саудиска Арабија полицијата беше нападната со огнено оружје. Нападот се случи во родното место на егзекутираниот шиитски свештеник Нимр Бакер ал Нимр.

https://p.dw.com/p/1HXVg
Фотографија: Reuters/K. Abdullah

Полицијата во Саудиска Арабија говори за „терористички напади“. Според државната новинска агенција СПА тие се случиле синоќа во доцните вечерни часови во селото Авамија на истокот од Саудиска Арабија. Притоа бил убиен еден цивил а повредено осумгодишно дете. Дали во нападот загинале или биле повредени саудиски полицајци сѐ уште нема информации.

Егзекуцијата на 56-годишниот шеик Нимр Бакер ал Нимр и 46 други лица осомничени за тероризам во саботата предизвика тензии во регионот и масивни критики од страна на Западот. Меѓу ривалските регионални сили саудиска Арабија и Иран дојде до дипломатски напрегнатости, при што владата во Ријад ги прекина односите со Техеран и порача дека сите ирански дипломати мора да ја напуштат земјата за 48 часа. Властите во Техеран порачаа дека оваа одлука е избрзана и го обвинија Ријад дека ги подгрева тензиите.

Критичар на кралското семејство

Шиитскиот свештеник Ал Нимр беше остар противник на ултра-конзервативното сунитско кралско семејство во Ријад. За време на Арапската пролет во 2011 година тој се заложи за отцепување на богатите со нафта источни региони, Катиф и Ал Ихса, во кои живее мнозинството од околу два милиона шиити во Саудиска Арабија.

Властите во Иран одамна го критикуваат саудиското кралско семејство за третманот на шиитите во земјата. Шиитското малцинство се жали на верска и општествена дискриминација од страна на вахабиската сунитска династија.

Saudi Arabien Botschaft Iran Protest
Фотографија: Isna

Протести против Риад

По погубувањата во саботата дојде во повеќе земји во регионот дојде до протести против Ријад. Во мнозински шиитскиот Иран протестите беа особено тешки. Во главниот град Техеран стотици луѓе ја нападнаа амбасадата на Саудиска Арабија и фрлаа молотови коктели во зградата. Во текот на вчетрашниот ден повторно 1500 лиѓе излегоа на улиците да протестираат против Саудиска Арабија. Иранскиот духовен водач. Али Камнеи го предупреди Ријад од „божја одмазда“. Претседателот Хасан Рохани говореше пак за „неисламско“ постапување на Саудијците.

Војна за надмоќ во регионот

Од исламската револуција во Иран во 1979 година односите меѓу Ријад и Техеран се затегнати. Ријад постојано го обвинува Техеран за меѓање во арапските односи. Двете држави имаат спротиставени интереси во регионот. Тоа го покажуваат конфликтитите во Сирија и во Јемен. Техеран за разлика од Ријад во Сирија го поддржува властодржецот Башар ал Асад а во Јемен бунтовниците Хути, против кои се бори арапска воена коалиција предводена од Саудиска Арабија.

За смирување на состојбата, пред сѐ во Сирија но и во Ирак и во Јемен, Западот се надеваше на помирувачка улога на овие две големи сили во регионот. И навистина изгледаше дела растечката закана од терористичката милиција „Исламска држава“ во Сирија доведе до приближување на двата вечни ривали, кои политички и воено играат клучна улога во регинот и истовремено се и економски најсилни држави.

Но по погубувањето на Нимр ал Нимр, растат стравувањата во западните престолнини од заострување на тензиите и судирите во регионот.