1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Песочна бура го „задуши“ Техеран

ЕМФ/ард/дв3 јуни 2014

Небото беше темно четврт час, жесток ветер носеше се‘ пред себе - Техеран беше погоден од песочна бура во која загинаа најмалку пет лица.

https://p.dw.com/p/1CAyp
Фотографија: ap

Катастрофата го погоди главниот град на Иран среде бел ден. Во жестоката песочна бура загинаа најмалку петмина жители на Техеран, а има и голем број повредени. Најголемиот дел од жртвите го загубиле животот од дрвја кои се кршеле под налетот на ветрот со брзина од 120 километри на час. Иранската државна телевизија јави дека двајца од повредените се во животна опасност. Градската управа соопшти дека по бурата, во акција се околу седум илјади спасувачи.

Песочната бура предизвика оштетувања на зградите и на електричните инсталации. Без струја, според официјални наводи, се околу 50.000 домаќинства. Сообраќајот во градот е делумно запрен. Температурата во Техеран, поради бурата, падна од 33 на 18 степени, со оглед на тоа што по огромниот ветер следуваше и силен дожд.

Граѓаните се повикани да не излегуваат од домовите. Аеродромот во Техеран беше извесно време затворен, а интернетот и телефонските врски работea со прекини.