1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зоните и во криза најавуваат нови инвестиции и работни места

ДТЗ
13 јули 2022

Во завршна фаза се разговорите за две нови инвестиции во автомобилската индустрија, вели директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски

https://p.dw.com/p/4E427
Nord-Mazedonien Jovan Despotovski
Фотографија: DW/K. Delimitov

Директорот на Дирекцијата на Технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски,и покрај кризата најавува инвестиции од над 400 милиони евра кои ќе отворат преку 5.000 работни места во земјата. Во завршна фаза се разговорите за две нови инвестиции во автомобилската индустрија, а идната недела во земјата треба да пристигне и делегација од американско-тајванската компанија со чии претставници веќе се направени подготвителни разговори.

„Станува збор за голема инвестиција, спомнав некаде над 250 милиони евра, така што ќе работиме до крајот на годината, бидејќи најавите од компанијата се до крајот на оваа година да има конечна одлука за тоа дали ќе се избере прво регионот во однос на Кина, а доколку се избере регионот дали тоа ќе биде Северна Македонија, Србија или Хрватска“, вели Деспотовски. 

Во првите шест месеци од годинава обемот на инвестиции е околу 240 милиони евра, ќе бидат отворени околу 3. 000 нови работни места, а во буџетот ќе се влеат над 130 милиони евра од придонеси, персонален данок и ДДВ.

„Успеавме да ја постигнеме и најголемата инвестиција во Зоните досега. Германската фармацевтска компанија Гересхајмер ќе вложи 126 млиони евра. Ова е само прва таква голема инвестиција. Веќе разговараме со двајца нови инвеститори чии поединечни вложувања се над 100 милиони евра. Со ова Северна Македонија влегува на мапата на земји кои имаат капацитет и услови за сериозно големи висококвалитетни инвестиции од кои има директен бенефит за граѓаните и државата”, изјави  Деспотовски.