1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Берлин: Виткоф задоволен од разговорите за Украина

СН/агенции | АРД
15 декември 2025

Украинската и американската делегација седеа заедно во Берлин повеќе од пет часа. Што конкретно беше дискутирано не е јасно. Сепак, пратеникот на Трамп, Виткоф, гледа „голем напредок“. Разговорите продолжуваат денеска.

https://p.dw.com/p/55Lii
Украинскиот претседател Володимир Зеленски (втор од десно) се ракува со специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф. Прв  од десно е германскиот канцелар Фридрих Мерц
Зеленски ги потенцираше безбедноста и територијалниот интегритет на Украина за време на разговорите со посредство на САД Фотографија: Guido Bergmann/Bundesregierung/dpa/picture alliance

По првиот ден од преговорите за Украина во Берлин, американската делегација се изјасни позитивно. Постигнат е голем напредок, се наведува во проценката за разговорите која специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, ја објави на X.

Виткоф, исто така, потврди дека разговорите продолжуваат денеска. Интензивно се дискутирало за мировниот план од 20 точки, економските теми и други прашања. Средбата во Берлин со украинскиот претседател Володимир Зеленски и делегациите од САД и од Украина траеше повеќе од пет часа.

И советникот за комуникации на Зеленски, Дмитро Литвин, изјави за украинската новинска агенција РБК-Украина дека разговорите ќе продолжат во понеделник. Украинската страна досега не коментираше за содржината.

Мерц: „Сакаме траен мир“

Виткоф и зетот и советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, се сретнаа во неделата попладне со украинската делегација предводена од Зеленски во канцеларијата на канцеларот. Тие беа примени од канцеларот Фридрих Мерц. „Сакаме траен мир во Украина“, рече Мерц на X. „Имаме тешки прашања пред нас, но одлучни сме да продолжиме напред“.

Два дена Берлин е центар на меѓународните напори за завршување на војната во Украина. Според сојузната влада, канцеларот денес ќе се сретне со Зеленски за германско-украинските економски разговори и „размена на мислења за состојбата на мировните преговори“.

Вечер, бројни европски шефови на држави и влади, како и лидерите на ЕУ и НАТО, треба да се приклучат на разговорите.

Позициите и натаму многу спротиставени

Позициите на Киев и Москва сè уште се многу спротиставени. Додека украинската страна ја покажа својата подготвеност за компромис по некои прашања и тоа го побара од Русија, нема знаци на попуштање од Русија.

Така, Зеленски покажа дека е подготвен да се откаже од амбициите на својата земја за членство во НАТО. Безбедносните гаранции на САД, Европа и другите партнери, наместо членството во НАТО, претставуваат компромис, рече тој во разговор преку Вотсап, одговарајќи на прашања од новинари.