1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

Маск најбогат, рекорден број милијардери

ЖА / агенции
11 март 2026

Бумот на вештачката интелигенција го зголеми бројот на милијардери на рекордни 3.428, а Илон Маск убедливо останува најбогат според новата листа на „Форбс“.

https://p.dw.com/p/5AA3O
Илон Маск
Илон Маск и годинава останува недостижно на врвот на глобалната листа, неговото богатство се зголемило повеќе од двапати во споредба со ланиФотографија: Kevin Lamarque/AFP

Бумот околу вештачката интелигенција значително ги зголеми богатствата на најбогатите луѓе во светот, носејќи рекорден број милијардери. Според најновата, 40. по ред, листа на „Форбс“, во светот годинава има 3.428 милијардери – околу 400 повеќе отколку лани.

„Ова е година на милијардерите“, изјави уредникот на „Форбс“, Чејс Питерсон-Виторн. Само за дванаесет месеци, статистички, секој ден се појавувал по еден нов милијардер. Главен двигател на овој раст, како што наведува магазинот, е берзанскиот бум поттикнат од развојот и инвестициската експанзија во вештачката интелигенција, кој ги турка богатствата до историски нивоа.

Илон Маск убедливо на врвот – на чекор до статус „билионер“

Илон Маск и годинава останува недостижно на врвот на глобалната листа. Богатството на  шефот на Тесла  и Спејс Икс се зголемило повеќе од двапати во споредба со лани, а „Форбс“ го проценува на околу 839 милијарди долари, што го прави првиот човек кој реално се приближува кон статусот „билионер“.

Маск има значителна предност пред конкуренцијата: зад него се коосновачите на Гугл, Лари Пејџ и Сергеј Брин, а потоа следи основачот на Амазон,  Џеф Безос.  Петтото место го зазема првиот човек на  Мета, Марк Закерберг.  Според „Форбс“, богатството на Маск е поголемо од заедничкото богатство на следните тројца најбогати милијардери.

Трамп меѓу добитниците благодарение на криптовалутите

На листата се најдоа и германски претставници. Најбогат Германец и понатаму е Дитер Шварц, основачот на Групацијата Шварц, во која влегуваат Лидл и Кауфланд. Неговото богатство „Форбс“ го проценува на нешто над 67 милијарди долари, со што се искачува на 29-то место во светот.

Добар скок бележи и американскиот претседател  Доналд Трамп.  Според „Форбс“, во првата година од неговиот втор мандат, неговото богатство пораснало за 27 проценти, достигнувајќи околу 6,5 милијарди долари, главно како резултат на  инвестиции во криптовалути.  На глобалната листа Трамп се наоѓа на 645. позиција.