1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Нетанјаху: Израел не е готов со нападите врз Иран

ЖА / агенции
10 март 2026

Нетанјаху изјави дека Израел „сè уште не е готов“ со ударите врз раководството во Техеран, иако Трамп најави дека војната со Иран е речиси завршена. Израел продолжува со целта за уривање на иранското раководство

https://p.dw.com/p/5A6j9
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел нема намера да ги прекине операциите против иранската властФотографија: GPO/AFP

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел нема намера да ги прекине операциите против иранската власт, и покрај изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната со Иран е „речиси завршена“. Според Нетанјаху, Израел „сè уште не е готов“ со нападите врз раководството во Техеран.

Нетанјаху: Целта е иранскиот народ да го отфрли „јаремот на тиранијата“

Во соопштение објавено од неговиот кабинет во вторник вечерта, Нетанјаху истакна дека Израел останува решен да го урне  врвното иранско раководство.

„Нашата цел е иранскиот народ да го отфрли јаремот на тиранијата“, изјави тој.  Бенјамин Нетанјахудодаде дека нема сомнеж дека досегашните „мерки ѝ ги кршат коските“ на  власта во Техеран.

„Ако имаме успех заеднички со иранскиот народ, ќе успееме да обезбедиме трајно завршување на овој конфликт“, нагласи тој.

Трамп, пак, во интервју за Си-Би-Ес во понеделникот оцени дека војната е „речиси завршена“, што предизвика пад на цените на нафтата и позитивни реакции на светските берзи.

Трамп: Војната ќе заврши наскоро

Конфликтот драматично се засили кон крајот на февруари, кога САД и Израел започнаа воздушни  напади врз Иран. Во тие напади беше убиен врховниот лидер, ајатолах Али Хаменеи, како и други високи претставници на иранската власт.

Техеран возврати со ракетни напади врз Израел, неколку држави од Заливот и врз американски објекти во регионот.

Нови ракетни предупредувања и експлозии во Ерусалим

Во вторник претпладне израелската армија повторно предупреди на можен ракетен напад од Иран. Како што пренесоа новинарите на агенцијата АФП, во Ерусалим се огласиле сирените за воздушен напад, по што следела експлозија.

Израелската служба за итна помош Маген Давид Адом соопшти дека засега нема информации за повредени.

Трамп првпат најави можен крај на војната

Американскиот претседател Трамп во понеделникот првпат јавно сугерираше дека  војната е „речиси“ завршена.Тој го образложи тоа со „значајната воена ослабеност на Иран“ по последните операции на  САД  и Израел.