1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

САД и Венецуела повторно воспоставуваат дипломатски односи

СН/агенции | АРД
6 март 2026

Вашингтон и Каракас сакаат повторно воспостават дипломатски односи. Според САД, овој чекор треба да придонесе за стабилност и економско закрепнување во Венецуела.Таму, пак, зборуваат за „конструктивен дијалог“.

https://p.dw.com/p/59tMi
Знамињата на САД и на Венецуела се веат на јарболи
САД и Венецуела не одржуваат дипломатски односи од 2019 годинаФотографија: Belegan/Depositphotos/IMAGO

САД и привремената влада на Венецуела се договорија да ги обноват дипломатските односи. Овој потег ќе ги олесни заедничките напори за поддршка на економското закрепнување и промовирање на стабилноста во Венецуела, соопшти американскиот Стејт департмент. „Нашиот ангажман е насочен кон тоа да му помогнеме на венецуелскиот народ преку постепен процес што ќе создаде услови за мирен премин кон демократски избрана влада.“

Привремената влада во Каракас зборува за нова фаза на „конструктивен дијалог“, заснован на почит, суверена еднаквост на државите и соработка меѓу народите. Целта е да се зајакне заемното разбирање и да се отворат можности за позитивни односи од заемен интерес. 

Доскорешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро со лисици на рацете придружуван од американски федерални агенти и вооружени припадници на полицијата
Доскорешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро беше уапсен за време на американски напад врз неговата земја и пренесен во ЊујоркФотографија: Eduardo Munoz/REUTERS

Нема дипломатски односи од 2019 година

САД ја затворија својата амбасада во Венецуела во 2019 година и го повлекоа персоналот откако тогашниот авторитарен претседател Николас Мадуро ги прекина дипломатските односи со Вашингтон. На почетокот на годинава, американската војска го зароби Мадуро за време на напад врз јужноамериканската земја и го одведе надвор од државата. Сега тој се наоѓа во Њујорк, каде што треба да му се суди поради наводна вмешаност во меѓународен наркобизнис. Земјата се наоѓа во политички пресврт по падот на Мадуро.