1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буџет 2026: помал дефицит, повеќе инвестиции

10 декември 2025

Собранието го усвои Буџетот за 2026 година со фокус на фискална консолидација, инвестиции, стабилност и редовна исплата на обврските

https://p.dw.com/p/555py
Парламентарна седница за избор на новата влада - Скопје, 22 јуни 2024 година
Собранието го усвои Буџетот за 2026 годинаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Собранието денеска го усвои Буџетот за 2026 година, кој е планиран како консолидиран и реален инструмент за одговорно управување со јавните финансии. Буџетот обезбедува одржливо ниво на буџетски дефицит и јавен долг, поддршка на економијата и редовна исплата на сите обврски, информира Министерството за финансии.

Приходи, расходи и буџетски дефицит

Вкупните приходи во Буџетот за 2026 година се планирани на 374,9 милијарди денари, а расходите на 414,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на 39,2 милијарди денари или 3,5% од планираниот БДП.

За капитални инвестиции се издвоени 40,1 милијарда денари за инфраструктурни, енергетски и капитални проекти. Целта е подобрување на условите за живот, унапредување на јавната инфраструктура и поттикнување на економскиот раст.

Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска 27.02.2025
Министерката за финансии Димитриеска-Кочоска го презентира Буџетот за 2026 годинаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Редовна исплата на плати, пензии и социјални трансфер

Буџетот обезбедува навремена исплата на плати во јавниот сектор, пензии, социјални трансфери и субвенции.

  • Плати: 52,6 милијарди денари
  • Пензии: 116,8 милијарди денари
  • Социјална заштита: 12 милијарди денари
  • Здравствена заштита: 53,8 милијарди денари
  • Активни мерки за вработување: 2,6 милијарди денари

Во 2026 година ќе продолжи намалувањето на буџетскиот дефицит и стабилизирањето на јавниот долг. Мерките вклучуваат ефикасна наплата на приходи, формализација на неформалната економија и штедлива употреба на јавните средства.

„Буџетот е изработен со јасна визија и одговорен пристап кон јавните финансии. Секој денар е насочен таму каде што ќе донесе најголем поврат за граѓаните и економијата. Овој Буџет е економска порака за стабилност, доверба и развој“, изјави министерката Гордана Димитриеска-Кочоска.