1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мерц во Пекинг: Продлабочување на односите со Кина

ЕМФ / дпа
25 февруари 2026

Германскиот канцелар Мерц сака да ја намали зависноста од Кина, но истовремено да не ги загрози односите со втората најсилна економија во светот. Неговата посета на Пекинг е чекорење по тенка линија.

https://p.dw.com/p/59MMq
Кина Пекинг 2026 | Канцеларот Фридрих Мерц и кинескиот премиер Ли Kијанг
Канцеларот Фридрих Мерц и кинескиот премиер Ли KијангФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Германскиот канцелар Фридрих Мерц сака да ги продлабочи економските и дипломатските односи со Кина. „Многу ми е важно тие да се зачуваат и да се продлабочуваат – каде и да е тоа можно“, рече тој на почетокот од неговата посета на Кина за време на средбата со премиерот Ли Кијанг во Пекинг.

Тој ја нагласи и потребата на европско ниво тесно да се соработува со Кина. „Ние заедно носиме одговорност во светот и на таа одговорност треба заедно да ѝ одговориме.“

Постои „голем потенцијал за понатамошен раст“ на двете економии, рече Мерц. За тоа да успее, неопхдони се „отворени канали за разговор“. Канцеларот најави посети на ресорни министри во наредните месеци.

Потпишани пет владини договори

По средбата, во присуство на Ли и Мерц беа потпишани пет владини договори. Меѓу другото, двете страни се договорија да ја продолжат соработката во борбата против климатските промени и во спречувањето на животински заболувања. Договори беа потпишани и помеѓу фудбалските и пинг-понг федерациите на двете земји.

Мерц во претпладневните часови (по локално време) пристигна во Пекинг во прва посета на Кина во својство на канцелар. Ли го пречека во Големата народна сала со воени почести.

Подоцна канцеларот треба да разговара и да има вечера со претседателот Ши Џинпинг. Главна тема ќе бидат економската соработка и безбедносно-политичките прашања како руската агресија против Украина. Кина важи за најважен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.