1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СДСМ во битка за демократија по резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

18 декември 2025

СДСМ најавува правна и политичка битка по резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче бара поддршка од Европа за одбрана на демократијата и слободата

https://p.dw.com/p/55c4p
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче 01.10.2024
Филипче бара поддршка од ЕвропаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Опозициската СДСМ на неколку фронта најави битка за „одбрана на слободата и демократијата во Македонија“. Лидерот на партијата Венко Филипче од Брисел порача дека бара поддршка од Европа, откако во Собранието беше донесена резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за осуда на опозицијата, што според него е директен удар врз демократијата, слободата на говор и политичкото дејствување.

Филипче бара поддршка од Европа

„Кога парламент носи неуставна резолуција против опозицијата, државата престанува да биде демократска и влегува во авторитаризам. Власта сака да ја замолчи опозицијата, да создаде еднопартиска држава и да ја згасне слободата на говор“, изјави Филипче.

Тој најави формирање „граѓански фронт за правда, слобода и демократија“, во кој ќе се обединат сите граѓани без разлика на партиска или етничка припадност.

СДСМ поднесува претставка до Уставниот суд

Во Скопје, партијата најави претставка до Уставниот суд по „срамната резолуција“. Потпретседателката Јована Тренчевска порача: „СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата и слободата на говор. Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија“.

Судир околу мигрантската политика

СДСМ тврди дека резолуцијата има цел да забрани дебата за договорот „мигранти за пари“ и да се спречи вистината да излезе на виделина. Партијата предупредува дека властите работат на контрола врз судството и обвинителството.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека резолуцијата е превентивна и потврдува јасна политика против нелегалната миграција. „Владата никогаш не побарала и нема да дозволи изградба на мигрантски кампови“, е ставот на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

 „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“ беше донесена на 17 октомври со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“ во Собранието,