1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вадефул и Рубио: Смирување на тензиите по критиките

ЖА / агенции
27 март 2026

Главниот предизвик на Г7 е иранскиот конфликт, а германскиот министер за надворешни работи Вадефул се обидува да ги смири односите со САД по критиките од Вашингтон за европскиот ангажман.

https://p.dw.com/p/5BGRL
Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул и американскиот државен секретар, Марко Рубио
Вадефул и Рубио: Обиди за смирување на односите по американските критики (архивска фотографија) Фотографија: Soeren Stache/dpa/picture alliance

Министерот за надворешни работи на Германија,  Јохан Вадефул  се обидува да внесе поголема стабилност во односите со САД по острите критики кон  Германија и Европа во врска со конфликтот со Иран. „Атмосферата е работна, сериозна – затоа што и ситуацијата е сериозна“, изјави политичарот од ЦДУ по почетните разговори со американскиот државен секретар Марко Рубио, на состанокот на шефовите на дипломатијата од Г7, одржан во близина на Париз.

Според Вадефул, јасно е дека „Иран и Русија тесно соработуваат, па затоа мора да дејствуваме уште поцврсто заедно“.

Поддршката за Украина и новата сенка на иранскиот конфликт

Пред присуството на Рубио, министрите разговараа за понатамошната поддршка на Украина. Американскиот дипломат пристигна дури во текот на ноќта, на вториот и последен ден од состанокот. Во „Групата на седумте“ членуваат Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада и  САД.

Вадефул истакна дека негов интерес на овој состанок е да се „прошири заедничката основа“, особено поради растечките тензии во Иран. Според него, Европа денес се соочува со два активни конфликта – во Украина и  во Иран –  што претставува „автоматски товар за нашата економија, нашите општества и нашата внатрешна кохезија".

Билатералната средба Вадефул – Рубио: Германија подготвена за улога во Ормускиот Теснец

Во првиот билатерален разговор со Рубио, одржан на маргините на состанокот, Вадефул нагласил дека  Германија е подготвена да преземе улога  по завршувањето на активните борби, со цел да се обезбеди безбедност на поморскиот сообраќај во Ормускиот Теснец.

„Јасно ставив до знаење дека постои подготвеност Германија да учествува во обезбедување на безбедноста на бродскиот сообраќај во Ормускиот Теснец“, рече Вадефул, додавајќи дека разговорите за темата ќе продолжат.

Остра критика од Трамп: „Германија беше пасивна“

Американскиот претседател  Доналд Трамп  претходно ја обвини Германија и другите европски членки на НАТО дека останале пасивни во Ормускиот Теснец – стратешки важен за глобалното снабдување со нафта – и покрај барањата од Вашингтон.

Трамп изјави дека, кога го слушнал германското раководство како вели „ова не е наша војна“,тој реагирал со зборовите: „Ниту  Украина  не е наша војна, Според него,  германската позиција била „многу несоодветна“.

Штајнмајер ја нарече војната против Иран - грешка