1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиВенецуела

САД-Венецуела: Гутереш предупредува од натамошна ескалација

СН/агенции
18 декември 2025

Со блокадата на танкерите за нафта, американскиот претседател Трамп дополнително го ескалираше конфликтот со Венецуела. Генералниот секретар на ОН, Гутереш повика на воздржаност. Набргу потоа, САД пријавија нов напад.

https://p.dw.com/p/55ZzL
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш на прес-конференција. Во заднина десно де гледа знамето на ОН.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш имаше телефонски разговор со венецуелскиот претседател Николас МадуроФотографија: Ibraheem Abu Mustafa/REUTERS

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди од натамошна ескалација во врска со растечките тензии меѓу САД и Венецуела. Гутереш „повика на воздржаност и на итно смирување на ситуацијата“, изјави неговиот портпарол. Тој се огласи по телефонскиот разговор со венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој ги окарактеризира постапките на САД како кршење на меѓународното право. За време на разговорот, Мадуро ги осуди последните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп „во кои тој на неприфатлив начин тврдеше дека нафтата, природните ресурси и територијата на Венецуела му припаѓаат нему“, објави Министерството за надворешни работи на Венецуела. Мадуро ги повика ОН категорично да ги отфрлат таквите изјави.

Трамп нареди поморска блокада

Во вторникот, американскиот претседател Трамп нареди поморска блокада против „санкционираните“ танкери за нафта кои доаѓаат во Венецуела или ја напуштаат. Трамп го обвинува Мадуро дека е вмешан во шверц со дрога. Од септември, американската влада повремено напаѓа наводни бродови за шверц со дрога. Дури и по апелот на Гутереш, американската војска пријави уште еден напад, во кој беа убиени четворица наводни „наркотерористи“. Со ова, вкупниот број на убиени се искачи на 99. Бродот во средата беше во меѓународните води на источниот Пацифик на позната рута за шверц. Критичарите ги окарактеризираат овие напади како кршење на меѓународното право. САД дополнително распоредија воени бродови во регионот.