1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Вашингтон му понудил на Мадуро заминување од Венецуела

Тагесшау | ЕМФ
1 декември 2025

Трамп го потврди телефонскиот разговор со Мадуро додека растат тензиите по нападите врз венецуелски бродови. Aмерикански сенатор предлага Мадуро да ја напушти земјата.

https://p.dw.com/p/54XKL
Венцуела / САД 2025 | Николас Мадуро и Доналд Трамп
Мадуро и Трамп разговарале телефонски, но детали за разговорот не се соопштениФотографија: Juan Barreto/Andrew Caballero-Reynolds/AFP

Американскиот претседател Доналд Трамп разговарал по телефон со венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Трамп тоа им го потврди на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“, но не даде детали од разговорот.

Каракас го осудува однесувањето на Вашингтон како „агресија“

Во врска со нападот врз бродови за кои се сомнева дека шверцуваат дрога, Трамп изјави дека ќе ги истражи обвинувањата. Каракас тоа го нарече „агресија“ од страна на Вашингтон.

Втората операција на САД под лупа

На 2 септември, американски војници во втор напад наводно убиле преживеани патници на бродот. „Вашингтон пост“ и „Си-Ен-Ен“ објавија дека наредбата ја дал шефот на Пентагон, Пит Хегсет. Трамп го зеде Пигсет во заштита.

Венецуела бара помош од ОПЕК

Американскиот републикански сенатор Марквејн Малин изјави дека Вашингтон му дал можност на Мадуро да ја напушти својата земја.

„Рековме дека може да оди во Русија или друга земја“, изјави сенаторот од Оклахома за „Си-Ен-Ен“.

Во меѓувреме, владата во Каракас апелираше до Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за помош. Според венецуелски наводи, САД се обидувале „со воена сила да ги заземат огромните нафтени резерви на Венецуела, најголемите во светот“.