1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расправа за извештајот на ЕУ - остри пораки за реформите

ДТЗ /МИА
17 ноември 2025

Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања на заедничка седница го разгледаа последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата.

https://p.dw.com/p/53lga
Знамињата на Македонија и ЕУ
ЕУ извештајот предизвика дебата во СобраниетоФотографија: picture-alliance/dpa/I. Bänsch

Дали Македонија ризикува нови услови за отворање на преговорите? Ова прашање на наметна на заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Уставните измени, слабиот напредок во форбата против корупцијата и функционирањето на судстото, обврските од реформската агенда и измените во Кривичниот закони - беа главните теми околу коишто дебатираа учесниците на седницата.

Рокас: Нема напредок во владеењето на правото и борбата против корупцијата

„Консензусот е потребен за унапредување на клучните реформи, вклучувајќи ги уставните измени за кои државата се обврза како дел од интеграцијата во Европската Унија“, порача евроамбасадорот Михалис Рокас. 

Тој нагласи дека најголема загриженост предизвикува владеењето на правото: „Нема никаков прогрес во функционирањето на судството и борбата против корупцијата“, додаде тој.

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средба со претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Скопје. 30.10.2024
Рокас: Нема напредок во владеењето на правото Фотографија: Presidentoffice Nort Macedonia

Сиљановска: ЕУ е перспектива, но времето не е за реформи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова истакна дека „по 16 пат, извештајот не говори само за евалуираниот, туку и за евалуаторот“.„Ако има натпревар за политичка спремност, ние ќе бидеме шампиони во спроведувањето“, рече таа.

Претседателката предупреди дека моментот не е погоден за реформи: „Ова не е време за реформи, бидејќи наликува на време пред војна. Но, ЕУ останува уникатна политичка филозофија и перспектива за Балканот“.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на годишно обраќање во парламентот. 25.12.2024
„ЕУ доцнеше на Балканот, понекогаш САД беа побрзи, а денеска преферира двојни стандарди“, вели претседателката Гордана Сиљановска ДавковаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Сиљановска потсети на изјавата на Оли Рен дека Македонијане е проблем за апсорпциониот капацитет на Унијата, но ја критикуваше недоследноста на ЕУ: „ЕУ немаше јасна стратегија, доцнеше на Балканот, понекогаш САД беа побрзи, а денеска преферира двојни стандарди“.

Уставни измени – клучно барање на ЕУ

„Сите оценки се врзани за едно основно барање – уставните измени“, нагласи Сиљановска. Таа посочи дека Венецијанската комисија бара заштита на правата на малцинствата на ниво на Устав, додавајќи дека малку европски држави имаат такви одредби. 

Филипче: Македонија стои во место, извештајот е еден од најлошите

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и лидер на СДСМ, Венко Филипче, остро го критикуваше извештајот:
„Овој извештај јасно кажува дека реформи нема. Го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи, полош беше само оној од 2015 кога бевме оценети како заробена држава“.

Филипче предупреди дека нема напредок во клучните области и дека државата ризикува нови услови за отворање на преговорите: „Владата нема политичка волја за суштински реформи. Забелешките на ЕК се однесуваат на правосудството, борбата против корупцијата, медиумите, економијата и образованието“.

Економски реформи и макрофинансиска поддршка

Филипче истакна дека Европската комисија констатира сериозни слабости во економското управување:

„Владата доцни со плановите за фискална консолидација и имплементација на Законот за органски буџет. Дополнително, не изрази интерес за последната транша од макрофинансиската поддршка од ЕУ, која е неповратна финансиска помош“.